АктуелноБоксЕвропски првенства
Боксерите ги добија противниците на Европското првенство

Македонските репрезентативци ги добија противниците на Европското боксерско првенство за млади во Будва, Црна Гора.
Во категоријата до 51 килограм Хади Шехаби е слободен во првото коло, до 63,5 кг Илхан Озмен се среќава со Фатјон Ручај од Албанија, а неговиот брат до 71 кг Ајхан Озмен ќе се бори со Дарио Томиќ од Србија, додека тешкашот Ардијан Аземи ќе ги одмери силите со Дмитро Баблиук од Украина.
ЕП 2021 – Будва:
51 кг Хади Шехаби слободен 1. коло
63,5 кг Илхан Озмен – Фатјон Ручај (Албанија)
71 кг Ајхан Озмен – Дарио Томиќ (Србија)
+91 кг Ардијан Аземи – Дмитро Баблиук (Украина)



