Вадим Немков: Го подигнав расположението на цела Русија

Вадим Немков важеше за аутсајдер во втората борба со Кори Андерсон, што беше и логично.

Во нивната прва борба, која беше прогласена за неважечка поради недозволен удар со глава на Американецот, Андерсон се бореше подобро. Сепак, на Белатор 288 во Чикаго Немков извојува убедлива победа. Немков беше подобар од Кори во секој аспект од борбата.

Резултатот – заслужена победа со едногласна одлука, задржување на титулата и освојување на турнирот во полутешка категорија. На Русинот му донесе и приход од 1 милион долари. Вадим верува дека го подигнал расположението на целата татковина.

„Во последната борба имав здравствени проблеми. Само што влегов во оваа борба во добра форма. Ги отстранив сите проблеми што беа пред оваа борба.

Како што кажав во едно интервју, ако сум сериозен за оваа борба, тогаш Андерсон нема да ми направи ништо. Така и се случи. Не му дозволив да направи ништо во борбата и победив.

Сакам да уживам во победата, да се вратам дома кај моето семејство. Не сум бил дома три месеци. Воопшто не сакам да размислувам за Ромеро. Не очекував дека веднаш ќе ми дадат борба.

Особено по два и пол месеци. Така ќе си одам дома, ќе си ги лечам повредите и ќе почнам да се подготвувам. Не знам што ќе правам со парите.

Ќе одлучиме на семеен совет со сопругата и децата. Најважно е да не ги трошите неправилно. Мислам дека мојата победа го подигна расположението на цела Русија. Добив многу писма од целата земја.

Навистина од сите: од Владивосток до Калининград. Се радувам за се што се случи“, изјави Немков за медиумите.

Веќе е познат следниот противник на Вадим. Тоа ќе биде легендарниот Јоел Ромеро. Борбата ќе се одржи на 4 февруари во Калифорнија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО