АктуелноДомашна сценаКарате

Утре се одржува карате Купот на Македонија за избор на репрезентацијата за СП

Утре во Скопје ќе се одржи Купот на Македонија во карате за сениори.

Натпреварот ќе се одржи во салата на ОУ „Крсте Мисирков“ во населбата Ченто.

За учество се пријавени 78 каратисти од 26 клуба.

Купот на Македонија е од изборен карактер, бидејќи ќе се избира репрезентацијата за Светското првенство во Будимпешта, Унгарија, од 24 до 29 октомври.

 

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON