Џон Џонс: Мек Грегор го турна ММА спортот за 10 години понапред

Џон Џонс зборуваше ласкаво за Конор Мек Грегор.

Џонс е поранешен шампион во полутешка категорија и актуелен шампион во тешка категорија на УФЦ. Мек Грегор, пак, е поранешен шампион во перо и лесна категорија. Ирската ѕвезда остави свој белег во ММА и тоа не може да се негира.

Џонс неодамна се појави на подкастот Овердогс. „Коски“ го пофали Мек Грегор и рече дека го забрзал развојот на ММА за 10 години.

„Конор го турна спортот најмалку 10 години понапред“, рече Џон Џонс за Конор Мек Грегор.

Факт е дека благодарение на Мек Грегор УФЦ ги зголеми платите на многу борци.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ESPN MMA (@espnmma)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО