Усман го победи Демијан Маја (ВИДЕО)

Камару Усман (13-1, 8-0 УФЦ) го порази Демијан Маја (25-9, 19-9 УФЦ) во главната борба на вечерта на првиот настан на УФЦ во Чиле.

https://youtu.be/g9VE8FlO35Q

„Нигерискиот кошмар“ славеше со едногласна одлука благодарение на доминантната изведба. На 40-годишниот Бразилец, кој го замени првично најавениот Сантијаго Понсиниби, ова му беше трет последователен пораз.

Андреа Ли (9-2, 1-0, УФЦ) во своето деби со  одлука на судиите ја победи Вероника Маседо (5-2-1, 0-2 УФЦ). Оваа борба е прогласена за борба за вечерта и двете добија бонус по 50.000 долари.

Габриел Бенитез и Клаудио Пуелес го добија истиот износ на изведба на вечерта.

https://youtu.be/mrMrH0z8_bk

Бенитез (21-6, 5-2 УФЦ) за 39 секунди го заврши Хамберт Банденај (14-5, 1-1 УФЦ). Мексиканцот прво се ослободи од лост со боди слем и со хамерфистови (удари како чекани) го заврши противникот.

https://youtu.be/L0BGA1LBOh4

Пуелес (8-2, 1-1 УФЦ) до првата победа во американската организација дојде со пресврт против Фелипе Силва (8-2, 1-2 УФЦ). Борбата која ја губеше ја пресврте со книбар во третата рунда.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО