Адонис Стивенсон – Баду Џек без победник (ВИДЕО)
Светскиот шампион во верзија на ВБЦ во полутешка категорија Адонис Стивенсон (29-1-1, 24 KO) го заврши мечот нерешено со претставникот на Шведска Баду Џек (22-1-3, 13 KO) и ја задржа титулата.
Борбата се одржа во Ер Канада центар арената во Торонто (Канада).
https://twitter.com/ShowtimeBoxing/status/998051258635309056?ref_src=twsrc%5Etfw&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.sportal.bg%2Fnews.php%3Fnews%3D725506
Судиите на мечот не одредија победник, откако двајца од нив дадоа ја бодуваа борбата нерешено 114-114, а еден му даде победа на Џек со 115-113.
https://twitter.com/ShowtimeBoxing/status/998049669526773760?ref_src=twsrc%5Etfw&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.sportal.bg%2Fnews.php%3Fnews%3D725506
Роден во Хаити, претставникот на Канада, Стивенсон, беше поактивен на почетокот на средбата, а Баду Џек неочекувано беше пасивен. Со почетокот на 5-тата рунда поранешниот светски шампион во две категории Џек се окуражи и стана поактивен во рингот и започна здрава борба од блиска дистанца. Тогаш борбата беше многу изедначена до нејзиниот крај. Сфаќајќи дека може да загуби Стивенсон се активира во 11-тата рунда и почна цврсто да го напаѓа противникот во телото. Во 12-тата рунда Џек имаше неколку силни напади, но тоа не беше доволно за да ја освои титулата.
Така, 40-годишниот Адонис Стивенсон ја задржа титулата, а 34-годишниот Баду Џек го забележа третиот нерешен резултат во кариерата.
https://youtu.be/RnWI4vXtCqo
.




