Усик жестоко тренира пред мечот против Џошуа: А потоа ќе ве забавувам со боксерски настап

Непоразениот Александр Усик ќе го брани појасите на ВБА, ИБФ и ВБО во тешка категорија против Ентони Џошуа во реваншот на 20 август во Саудиска Арабија.

Украинскиот боксер во текот на кариерата има 19 победи, а 13 од нив се со нокаут.

Пред три години тој се пресели во тешка категорија во која ги победи Чез Витерспун, Дерек Чисора и минатиот септември Ентони Џошуа.

На неодамнешната прес-конференција на првото соочување во пресрет на борбата Александр истакна дека не сака премногу да зборува и дека е максимално посветен на тренинзите.

„Не се фалам и не сакам премногу да зборувам. Секој ден тренирам напорно и тоа ми е најважно во моментов. Ќе го правам тоа до 20 август, а потоа ќе ве забавувам со мојот боксерски настап. Среќен сум што борбата е договорена. Јас и мојот тим работиме напорно за да ја постигнеме целта“, изјави Александр Усик, додавајќи дека секој ден е со Украина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО