Масвидал сака борба против Мек Грегор

УФЦ ѕвездата Хорхе Масвидал по трите порази во низа, повторно побара меч против Конор Мек Грегор, велејќи дека сака да го направи тоа пред Ирецот да се „предозира со кокаин“.

Масвидал двапати загуби од Камару Усман и еднаш од Колби Ковингтон, а во минатото имаше неколку преговори за меч против Мекгрегор, но тие никогаш не се остварија. Сега, кога на двајцата им е потребна победа да ги вратат своите кариери на вистински пат, „Гејмбред“ Масвидал вели дека е крајно време за пресметка.

„Секако дека сакам меч, пред тој да се предозира на кокаин и потоа мечот никогаш да не се оствари и да загубам шанса за тие лесни пари. Сакам да му ја скршам фацата на Конор и да добијам чек. Но, тоа мора да се случи побргу пред тој да се повреди самиот себе или некој друг. Потребни ми се тие пари. Зошто не во ‘Медисон сквер гарден’ во декември?“, вели Масвидал.

Мек Грегор уште не го посочил својот следен чекор, бидејќи уште се опоравувал од скршената нога која ја доби минатото лето при поразот од Дастин Поаире. За време на паузата, тој очигледно успеа да изгради повисока мускулна маса и најави дека би сакал да се пресели во велтер категорија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО