Усик впечатлив со боксерските умешности и на снег (ВИДЕО)

Александар Усик, кој е светски шампион во тешка категорија на ВБО, ВБА Супер, ИБФ и ИБО, на снегот ги демонстрира своите боксерски вештини. Украинецот тоа го направи додека скијаше во родната Украина.

Да потсетиме, минатиот септември големиот украински боксер постигна нешто што многу малку боксери го постигнаа – да ги освои светските титули и кај најтешките, победувајќи го Ентони Џошуа во борба за шампионските појаси на ВБО, ВБА Супер, ИБФ и ИБО, откако претходно тој освои сè во полутешка категорија.

Бокс во секое време, секаде, напиша Усик на својот Инстаграм профил.

Александар Усик има биланс од 19 победи, од кои 13 забележал со нокаут. 35-годишниот Украинец е поранешен број 1 во полутешка категорија на ВБЦ, ВБА Супер, ИБФ, ВБО. Тој е олимписки шампион во тешка категорија на Игрите во Лондон во 2012 година.

Неодамна стана јасно каде и кога ќе се одигра реваншот меѓу Усик и Џошуа за светските титули во тешка категорија. Битката ќе се одржи на еден од двата стадиони – стадионот на Вембли или на Тотенхем во април.

Тајсон Фјури, кој е светски шампион на ВБЦ, дури изјави кој ќе победи на реваншот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО