Рико Вреховен: Преминувањето во ММА нема смисла за мене

2021 година не беше лесна за Рико Верховен во тешка категорија. Ги доби сите три меча, но и покрај тоа помина низ големи тешкотии во нив. Во последниот настап меѓу јажињата тој со ТКО го победи Џамал ​​Бен Садик и покрај огромната повреда под левото око која ја доби во средина на мечот. Самиот Рико е критичен за неговиот настап против Садик.

„Јас сум си најголем критичар. Ако сакате да останете најдобри, мора да бидете искрени со себе. Видов каде правам грешки и видов како можам да ги подобрам и да бидам подобар следниот пат. Секоја борба дава свои лекции и така растеш како личност, психички и физички“, изјави Холанѓанецот за третата средба со Џамал ​​во рингот на најелитниот кик бокс синџир Глори.

Џамал ​​Бен Садик го замени Алистер Оверем во последен момент, најавувајќи го своето враќање во кик боксот во јуни 2021 година и потпишувајќи повеќегодишен договор со Глори. Повреда го извади од закажаниот меч со Рико, но во 2022 година најверојатно ќе има таков судир.

„Мило ми е што Алистер се врати во кик боксот и мислам дека ќе биде добро име да го додадам на мојата листа на победи. Тој е жива легенда на боречките вештини. Ги има сите титули освен на УФЦ. Сега ќе се обиде да ја освои во Глори, но јас ќе го спречам. Едвај чекам да го слушнам датумот!“, додаде 31-годишниот кикбоксер. Во моментов следната најавена гала вечер на синџирот во кој царува е на 19 февруари во Холандија. Настанот се уште не е најавен.

Верховен одржа меч според правилата на професионалната ММА. Во 2015 година забележа победа со технички нокаут, откако го собори противникот и го опсипа со удари од доминантната позиција „маунт“. И покрај овој успех, неговата непоколеблива љубов кон кикбоксот и добриот договор со Глори го прават категоричен дека нема да се префрли на ММА.

„За мене нема смисла да се префрлам на ММА. Ако сакате да бидете најдобри во нешто, тоа треба да биде вашата амбиција и страст. Ако не, нема смисла да се менува спортот. Се борев и во професионален бокс. Сакам бокс и вложувам многу од тоа во мојот тренинг. Но, ММА е сосема поинаков спорт“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО