Усик триумфално се врати во Украина

Светскиот шампион во тешка категорија на ВБА, ВБО, ИБФ и ИБО, Aлександaр Усик, се врати во Украина. Боксерот за прв пат објави слики од својата татковина по победата над Ентони Џошуа и реваншот меѓу нив во Саудиска Арабија. Тој се подготвуваше во последните месеци надвор од дома за да може да му ја наметне волјата на Еј Џеј во 12 рунди во Џеда.

„Ни недостигаше“, напиша Усик на социјалните мрежи, објавувајќи фотографии со украинското знаме и таблички со имиња. Не е јасно кога точно шампионот се вратил дома, бидејќи неговиот табор ја крие оваа информација. Причината – страв од можен обид за атентат, со оглед на тоа што војната продолжува во земјата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Usyk. Cat. Aleksandr (@usykaa)

Победата над Џошуа Александар ја посвети токму на својата татковина.

„Овој натпревар беше исклучително важен за мојата земја, тимот и за мене. Боксував за цела Украина и за половина свет. Постојано си повторував – „не можеш да запреш“. Големи работи беа во прашање. Му благодарам на Бога што појасите се враќаат во Украина и победата е за нас“, изјави Усик по мечот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО