Александар Усик потсети на пресметката за светските титули против Ентони Џошуа. Украинскиот боксер сподели фотографии од средбата на двајцата.
Усик ги освои појасите на ИБФ, ВБА Супер, ВБО и ИБО во тешка категорија, победувајќи го поранешниот шампион Ентони Џошуа по одлука на судиите во негова корист на боксерската гала одржана на 25 септември на стадионот на фудбалскиот тим Тотенхем.
„Тешка категорија. Светот ги сака силните“, напиша на својот Инстаграм профил непобедениот професионален боксер.
Се очекува реванш со Ентони Џошуа, бидејќи менаџерот на Британецот Еди Херн последен пат изјави дека мечот е закажан да се одигра не пред средината на април.
Александар Усик има вкупен биланс од 19 победи и ниту еден пораз во професионалната боксерска кариера. На 13 средби победи со нокаут. Украинецот, висок 191 сантиметар, е олимписки шампион во тешка категорија од Лондон во 2012 година.
Усик е поранешен светски шампион на ВБА Супер, ИБФ, ВБЦ и ВБО во полутешка категорија. Импресивно е што 34-годишниот боксер премина од полутешка во тешка категорија, станувајќи шампион таму по само 3 меча на ова ниво (победа над Чез Витерспун со одлука, победа над Дерек Чисора и над Ентони Џошуа со одлука ).