Усик: Способен сум да го победам Тајсон Фјури

Шампионот на ВБА (Супер), ИБФ, ВБО и ИБО во тешка категорија, Александар Усик, верува дека има талент да се справи со носителот на појасот на ВБЦ, Тајсон Фјури, откако во март 2022 година ќе се справи со Ентони Џошуа.

34-годишниот украински шампион го симна Џошуа од тронот кон крајот на септември во центарот на Лондон. Усик доминираше и победи со судиска одлука. Остана непоразен во рингот и веќе има 19-0 во боксот.

Усик е поранешен неприкосновен шампион во полутешка категорија и сонува да биде неприкосновен и во тешка категорија. Мора уште еднаш да се справи со Џошуа, а потоа ќе се бори со Фјури.

„Да, секако мислам дека таквата борба е огромна. Тајсон Фјури зборува многу и има долг јазик. Тајсон тврди дека е крал на кралевите, но само тој мисли така. Тоа е се што можам да кажам за него.

Пред мојата борба со Џошуа, сите велеа дека немам шанси да победам. Цел живот слушам вакви работи, но способен сум да го победам Фјури.

Не се фалам дека можам да победам и казнам кој било боксер. Јас само одам во теретана и си ја работам работата“, вели Усик во интервју за „Сан“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО