Скот Кокер: Едноставно, времето е застанато за Федор Емелијаненко

Скот Кокер е повеќе од задоволен од дебитантската гала вечер на Белатор во Русија. Викендов во Москва го видовме настанот Белатор 269 кој го предводеше големата легенда Федор Емелијаненко. Последниот император се бореше со Тимоти Џонсон и го нокаутира за помалку од 2 минути.

Федор ги воодушеви домашните фанови кои постојано го извикуваа неговото име. Тоа беше дефинитивно посебна ноќ за она што според многумина е најголемо во тешка категорија. Со победата Емелијаненко влезе во серија од две последователни победи со нокаут во првата рунда.

По гала вечерта, претседателот на Белатор им го откри следново на медиумите во Русија:

„Беше навистина посебно. Долго време сум во борбечките спорови. Беше забавно да се гледа како Федор се бори пред домашните фанови. Тоа беше навистина посебна ноќ. Бев изненаден што Федор сè уште можеше да го направи тоа на 45 години. Емелијаненко му зададе комбинации на Џонсон кои одамна ги немав видено.

Мислам дека стресот поради тоа што е дома му помогна. Тоа беше неверојатна ноќ. Федор се бореше во Москва и беше горд на тој факт. Не можам да се сетам кога последен пат бил нокаутиран Тим или дали некогаш бил нокаутиран на тој начин. Брзината на рацете се уште е на ниво. Тој го докажа тоа.

Федор ми докажа дека сè уште е најдобар на сите времиња. Тоа е неверојатно, како времето да застанало за него. Не сум разговарал со Федор за тоа што е следно за него. Само сакам да уживам во овој момент, а мислам дека и тој само сака да ужива во овој момент. За неколку недели ќе имаме одговор на прашањето“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО