Усик се откажа да биде покрај рингот на Фјури-Вајт

Шампионот на ВБА, ВБО, ИБФ и ИБО во тешка категорија Александар Усик ја одби поканата да присуствува на борбата во живо меѓу Тајсон Фјури и Дилиен Вајт. „Ромскиот крал“ ќе го брани ВБЦ-појасот оваа сабота, на 23 април, пред 94.000 гледачи на стадионот Вембли во Лондон.

Украинецот доби понуда да биде во првиот ред на настанот, па да излезе на рингот и да размени мислења со победникот за евентуален меч на крајот на годината да ги обедини сите појаси. Сепак, тој избра да остане во својот тренинг камп, каде се подготвува за реваншот со Ентони Џошуа. Се очекува тие да се сретнат во јули во Саудиска Арабија, а потврдата се очекува за две недели.

Усик, секако, нема да го пропушти мечот. Ќе го гледа на телевизија, како што потврди неговиот менаџер Александар Красјук.

„Ќе бидеме во салата. Јас и Егис Климас ќе бидеме покрај рингот и внимателно ќе гледаме. Усик ќе остане во својот тренинг камп, каде што ќе ги проучува постапките на двајцата и ќе ги анализира со своите тренери“, откри Красјук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО