Усик сака меч со Џошуа до крајот на 2019 година

Александар Усик и луѓето од неговиот тим сакаат да се бори со Ентони Џошуа до крајот на 2019 година. Ова го откри директорот на компанијата К2 Александар Красјук. Апсолутниот светски шампион во лесно-тешка категорија неодамна потпиша промотивен договор со компанијата Еди Херн-Мечрум. Ова ќе ги олесни финалните преговори за можната средба со Британецот.

„Веднаш, откако Александар ќе се подигне во тешка категорија, тој ќе сака да се бори со кралот на оваа категорија, а тоа во моментов е Ентони“,  коментира Красјук и додава: „Од наша страна ние правиме се што е можно да се случитоа. Да има ​​борба Усик – Џошуа до крајот на 2019 година“.

https://youtu.be/fz_S8Yeo5Cc

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON