Мачида на Хаваите дебитира за Белатор

Лиото Мачида (24-8) ќе дебитира за Белотор на Хаваите на 15 декември.

40-годишниот Бразилец на настанот во Гонолулу ќе се бори со својот сонародник, поранешниот превак на Белататор во средна категорија Рафаел Карваљо (15-2).

По трите последователни порази, Мачида се опрости од УФЦ со две победи. Последната ја постигна во мај во Рио де Жанеиро, каде што со преден удар со нога го нокаутира Витор Белфорт.

32-годишниот Карваљо во полсендото велгување во кафезот во мај во Лондон беше поразен со нокаут во првата рунда на Гегард Мусаси. Остана без шампионскиот појас и го доживеа првиот пораз од дебито во 2011 година.

Во настанот во првото коло за Големата награда во велтер категорија ќе се сретнат Нејман Грејси и Ед Рут.

https://youtu.be/Drpd1DwyBw0

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО