Усик поминува 4 минути и 40 секунди под вода

Шампионот на ВБА, ВБО и ИБФ во тешка категорија Александар Усик е подготвен за втората борба против Ентони Џошуа.

Потсетуваме, реваншот меѓу Усик и Џошуа ќе се одржи на 20 август во Џеда (Саудиска Арабија) во арената Супер дом. Во првиот меч, кој се одржа во септември 2021 година, Украинецот со едногласна одлука на судиите го победи Британецот, освојувајќи ги шампионските појаси.

Егис Климас, менаџерот на украинскиот носител на титулите ВБА, ВБО и ИБФ, сподели детали за подготовката за борбата со Британецот.

„Вчера се врати од Дубаи каде заврши тренинг камп. Усик е подготвен. Тешко е да се каже што се случува во неговата глава, но тој е многу силен, тренира многу напорно.

Александнер плива 10 километри, вози велосипед 100 километри, поминува 4 минути под вода и 40 секунди без воздух. Тешко е да се каже дали Џошуа ќе биде поопасен.

Се ќе се види во рингот. Сигурен сум дека Џошуа го проучувал Усик. Тие веќе 12 рунди го делеа рингот.

Се познаваат. Ќе биде интересно. Никогаш не давам прогнози, но се надевам дека овој пат Усик ќе го запре Џошуа“, рече Климас во интервју за јутјуб каналот на ИФЛ ТВ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО