Усик откри кога му бил најтешкиот момент во борбата со Џошуа

ВБА, ВБО, ИБФ и ИБО шампион во тешка категорија Александар Усик го откри најтешкиот момент во борбата против поранешниот светски шампион во тешка категорија, Ентони Џошуа.

„Третата рунда беше многу интензивна и тешка. Џошуа успеа силно да ме удри во брадата. Потоа почувствував како крвта ми тече, но успеав да останам смирен. Ова се нормални работи во боксот“, рече новиот шампион во тешка категорија.

Шампионот му оддаде почит на својот тренер, бидејќи Украинецот изјави дека без него тешко дека би успеал.

„Сакам да изразам благодарност до мојот тренер Јури Иванович. Тој ми кажува многу јасно што точно треба да направам. За време на средбата, мојот тим целосно ми помогна да ја контролирам ситуацијата, ми даде вредни упатства и совети на патот до победата“, рече Усик.

Украинецот го симна од тронот Ентони Џошуа во импресивна битка среде Лондон, со едногласна одлука на судиите.

„Емоциите се уште се одлични. Тешко дека ќе ја заборавам вечерта во Лондон. Сега имам неколку модринки под очите кои ме потсетуваат на неа“, се смееше Украинецот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО