Шевченко: Убавината ќе го спаси светот (ФОТО)

Валентина Шевченко, која ја продолжи силната доминација во категоријата мува и го задржа појасот по техничкиот нокаут против Лорен Марфи во четвртата рунда од коглаваната борба на УФЦ 266 во Лас Вегас, позираше со неколку убавици околу рингот, веднаш по последниот меч.

Ова беше шеста последователна одбрана за 33-годишната Киргистанка, што ја доведе до првата позиција меѓу актуелните шампиони со најмногу одбрани. Нејзината победа 22-а во ММА.

„Убавината ќе го спаси светот“, напиша Шевченко на својот Инстаграм профил.

Ѕвездата во мува категорија сподели и фотографија на социјалните мрежи од забавата по победата.

 

Шевченко веќе има биланс од 22 победи и само 3 порази во ММА. Таа победи на 15 натпревари со прекин (8 со нокаут и 7 со прунуда). 33-годишната шампионка ги доби последните 8 натпревари во октагонот и не го вкусила поразот од септември 2017 година кога загуби со поделена одлука од Аманда Нунеш. Оваа година Шевченко веќе одржи два меча, победувајќи против Џесика Андраде со технички нокаут во втората рунда на УФЦ 261, како и актуелната победа над Лорен Марфи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО