Александар Усик верува дека ќе забележи убава победа над Тајсон Фјури. Шампионот во тешка категорија на ВБА (Супер), ИБФ, ВБО и ИБО од Украина сака да се бори со Фјури за да ја освои титулата на ВБЦ и да стане неприкосновен светски шампион.
Усик веќе беше неприкосновен шампион, но во полутешка категорија. За жал, Усик ќе мора да има реванш меч со Ентони Џошуа на почетокот на 2022 година. Постои опција Џошуа да отстапи, но за тоа сака 40 милиони фунти.
Ако се оди според планот, тогаш на крајот на следната година би требало да имаме неприкосновен шампион во тешка категорија. Во интервју за медиумите во Русија, Усик рече:
„Како ќе го победам Тајсон Фјури? Ќе забележам убава победа над него. Со кого повеќе сакам да се борам? Се разбира, сакам Ентони Џошуа да се повлече од нашата средба.
На тој начин ќе отпадне уште еден чекор кон неприкосновената титула. Така ќе можам веднаш да се борам за сите титули во боксот“.