Усик ќе добие 60% од вкупниот хонорар во реваншот со Фјури

Познат е процентот од вкупниот хонорар што апсолутниот светски боксерски шампион во тешка категорија Александар Усик ќе го добие за реваншот со Тајсон Фјури. Според порталот Бокс кингдом, Усик ќе добие 60 отсто од вкупниот хонорар на боксерите.

Се претпоставува дека реваншот меѓу боксерите ќе се одржи во октомври годинава. Боб Арум откри дека Фјури ја активирал клаузулата за реванш со Украинецот. Штабот на Фјури очекува борбата да се одржи на крајот на годината или почетокот на 2025 година.

Арапите поставија датум за октомври во Ријад, но тие планови може да се променат. Да потсетиме, борбата меѓу двајцата траеше сите 12 рунди и заврши со победа на Усик со поделена одлука.

Во деветата рунда Усик го собори Фјури, но Британецот успеа да се соземе и да ја продолжи борбата. Така, Усик стана првиот апсолутен светски шампион во тешка категорија по 25 години. Серијата без пораз ја продолжи на 22 борби без да претрпи ниту еден пораз.

Фјури го претрпе првиот пораз во кариерата.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО