Александар Усик во саботата пред 24.000 гледачи во Москва влезе во историјата станувајќи првиот освојувач на „Трофејот Мухамед Али“ и неприкосновен шампион на светот во леснотешка категорија со сите 4 појаси.
31-годишниот Украинец со уверлива едногласна одлука го победи се уште младиот, 24-годишниот Русин Мурат Гасиева.
Интересно, Усик се бореше без тренер. По разделбата со Али Башир, се консултираше со таткото на Васил Ломаченко и работеше со неговиот долгогодишен помошен тренер Серхи Ватаманјук. Ја прекинаа соработка пред полуфиналето на турнирот на Светската боксерска супер серија против Маририс Бреидис.
“Серхи, всушност, не беше мој тренер, тој само ми помогна со некои работи. Не работевме заедно“, објасни Усик.
„Она што тој ми го пружаше не ми помогна да се развијам во никаква смисла. Не сакам да работат со некого само за да имам некој покрај себе. Тој е добар човек, но да се биде добар човек не е професија. Но, тоа е во ред. Имам некој кој ми помага, некој кој има многу повеќе искуство во боксот“.
Олимписки победник од Лондон за помош се обрати кон долгогодишниот стручњак и боксерски експерт Рус Анбер.
„Јас сум тука да го посоветувам и да може да се консултира со мене. Тоа е мојата улога со Усик. Не може да тренирате повеќе од овој човек. Тренира три пати на ден. Посилно никогаш не е проблем. Не познавам никого, освен можеби Ломаченко, да тренира повеќе од Усик, а јас сум 40 години во овој спорт“, рече Канаѓанецот.
Усик вели дека и покрај фактот што во својата само 15 борба ја покори леснотешката категорија, не се смета за боксерска ѕвезда.
„Да се освојат сите четири појаси и Трофејот Мухамед Али е остварување на сонот. Не е тајна дека Мухамед Али ми е најголемиот идол, така што оваа е голема чест. Јас не сум суперѕвезда, ѕвездите се на небото. Јас сум само обичен човек, кој е многу добар во нешто“.
„Мојот тим направи во рингот да изгледам како што изгледав. Ова е наша победа. Ќе го чувам овој трофеј на посебно место во мојата куќа. Мојата сакана сопруга Карина веќе подготви посебно место за него“.
Трофејот му врачи сопругата на покојниот великан Лони Али.
https://youtu.be/xZ2oSzf6RD0
.