Усик го совлада Марко Хук (ВИДЕО)

Александар Усик (13-0, 11 КО) во Берлин по трет пат ја одбрани титулата на ВБО шампион и влезе во полуфиналето на турнирот на Светската боксерска супер серија леснотешка категорија.

30-годишниот Украинец во салата Макс Шмелинг со TKO во 10-тата рунда го совлада Марко Хук (40-5-1, 27 КО).

Во овие моменти во нивните кариера, разликата беше преголема.

Украинскиот левучар ја контролираше првата рунда со предем директ. Хак го притисна до крај, но Усик добро се покри.

Во втората Хак и понатаму се обиде да го навлече Усик на отворена битка, но повторно Украинецот го неутрализира со преден директ и добро движење.

Усик беше брилијантен во третата рунда и здрма „Капетан Кук“ со серија од 7-8 удари по должината на јажиња. По завршувањето на серијата Усик се повлече и не форсираше прекин.

Во четвртата, стилот на Хук му донесе повеќе примени удари. Усик откако прво му коннтрираше со лево кроше и пак со одлична комбинација во последната минута успеа да го здрма 32-годишниот противник.

Во шестата Усик одлучи малку да го намали темпото на борбата, кој во тие моменти целосно ја контролира.

Во седмата, уморениот Хук уште се обидува, но повеќето од негови удари завршува во гардот на противникот, кој со секоја експлозивна серија го доведува во тешка ситуација.

Хак беше на работ на нокдаун во осмата рунда, а кога Усик изгуби рамнотежа и падна, Хук се обиде да удари додека беше на подот и поради тоа му е одземен бод.

Во деветата, неколку пати Хак погодува, но повторно беше во тешки моменти, но добрата муцка успеа да го одржи на нозе.

Неверојатно е како Хук не заврши на подот по сите примени удари во десетата рунда, но судијата Роберт Бирд беше принуден да ја прекине борбата, бидејќи Санџаклијата веќе не е одговараше на удари.

Усик во полуфиналето ќе се бори со победникот од мечот меѓу ВБЦ шампионот Маирис Бриедис и Мајк Перез. На Хук ова му беше последователен пораз. Во април загуби од Маририс Бридис на поени за испразнетата титула во ББЦ.

https://youtu.be/7IE2mszyOac

https://youtu.be/1D6Z9FK3SaQ

Останатите 4-та четвртина финалето се:

23 септември – Јуниер Дортикос – Дмитриј Курдјашов – Аламодорме, Сан Антонио (за редовната титула на ВБА)

30-ти септември – Маирис Бриедис – Мајк Перез – Арена Рига, Рига (за титулата на ВБЦ)

ТБД – Мурат Гасиев – Криштоф Влодарчик (за титулата на ИБФ)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО