Усик го отпушти тренерот на Кличко, а го ангажира таткото на Ломаченко

Украинската боксерска ѕвезда Олександар Усик го отпушти тренерот Џејмс Али Башир, кој долги години е во штабот на Владимир Кличко.

Олимпискиот шампион од Лондон и актуелен светски шампион во полутешка категорија работеше со Американецот од почетокот на професионалната кариера. Новиот тренер на Усик е Анатоли Ломаченко, татко и тренер на друг топ боксер, Васил Ломаченко.

„Башир е многу кул човек и тренер. Има свој пристап на тренинзите. Но, во овој момент сфатив дека ми е потребно нешто повеќе. Затоа решив за тотална промена. Многу сум му благодарен на Башир за одвоеното време. Ништо лично, тоа е само бизнис. Сигурен сум дека ќе одражуме врска за во иднина“, изјави Усик.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО