Усик, Гасиев, Поветкин, Чисора или Хантер го чекаат Паркер

Следниот противник на Џозеф Паркер ќе биде селектирани од четворица противници, објави промоторот Еди Херн. Новозеландецот се врати во ригот со победата над Алекс Липаи.

„За Паркер има многу варијанти. Усик, Поветкин, Гасиев и Хантер – со нив ќе има одлична борба. Ми се допаѓа да видам меч со Чисора. Подобро ќе биде ако се борат во воведниот дел на Џошуа – Руиз во ноември“, рече Херн.

Паркер е поранешен светски шампион во тешка категорија. Тој ја загуби титулата од Ентони Џошуа во март 2018 година. Потоа отстапи и пред Дилиен Вајт во многу оспорувана средба.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО