Усик експресно му одговори на Фјури со симболична објава: Ти почна, јас никогаш не престанав

Синоќа пишувавме за почетокот на тренинг кампот на Тајсон Фјури за историската борба со Александар Усик. Мечот на 18 мај ќе ни го донесе првиот апсолутен шампион во тешка категорија по Ленокс Луис во 1999 година.

Покрај несомнениот квалитет, оваа борба е проследена и со голема „возбуда“ поради сите закачки, а такво нешто продолжи и денес. Украинецот веќе му одговори на тренинг кампот со својот пост и му порача:

„Твојот камп само што започна, мојот никогаш не заврши“. Мора да се признае дека во оваа кореспонденција Фјури го извлече најдоброто од него, но не се сомневаме дека „Кралот на Ромите“ ќе возврати.

Во споменатото видео Усик ја прави основната вежба на секој боксер, односно ја прескокнува јаже. Ако подобро се погледне таа објава, може да се заклучи дека индиректно вели оти тоа е неговото најсилно оружје против „Кралот на Ромите“. Фјури е многу поголем, но Усик може со неговата одлична работа со нозете да ги сече аглите и да најде небранети простори во гардот на шампионот на ВБЦ.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Usyk. The Cat. Oleksandr (@usykaa)

Во претходните објави на Украинецот во изминатите месеци можевме да видиме дека постојано е на тренинзи. Во ретроспектива, колку е поблиску натпреварот толку повеќе Усик е во рингот, а помалку во теретана, што е сосема логично и е знак за обемни и систематски подготовки. Неговиот тим пред неколку месеци изјави дека целта им е да добијат квалитетна телесна маса која нема да ги загрози неговите аеробни способности. Работната етика на боксерот роден во Симферопол никогаш не била доведена во прашање.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО