Хрговиќ: Никој не сака Хрват да биде светски шампион! Џошуа и Дубоа се разгалени бебиња

Филип Хрговиќ во многу отворено интервју за „Тру скул спорт“ објасни зошто постојано е во подредена позиција. Како и секогаш, беше многу директен и не бираше зборови, а на врвот на листата се најдоа британските боксери, Ентони Џошуа и Даниел Дубоа.

„Џошуа и Дубоа се многу разгалени и сè им е предадено на послужавник! Замислете да можев во мојот развој да ги побарам Чисора или Вајт кога бев подготвен за тоа. Џошуа само требаше да покаже со прст кон кој тој сакаше и го добиваше“, рече „Ел Анимал“ и се надоврза во финансиска смисла:

„Немам голема телевизија зад мене или промотер кој лесно ќе фрла пари. Американците, Британците или Мексиканците лесно можат да ги добијат, бидејќи ќе ги гледаат над 100 милиони луѓе“, тврди бронзениот олимпиец.

Хрватскиот боксер со овие изјави покажа многу висок степен на самосвест, но рече и дека тоа во последно време му стана предност.

„Никој не сака Хрватот да биде светски шампион. Кога си Хрват, се молите на Господ и Бог ти отвора врати. Господ е најзаслужен за мојот досегашен успех и убеден сум дека и понатму ќе ми ги отвора вратите преку моите молитви и мојата работа“.

Конечно, ги спореди и мотивациите што ги имаат тој и Ентони Џошуа:

„Ќе го победам затоа што сум „погладен“ од него. Кога имаш 300 милиони на сметка, не можеш да го имаш истиот глад како на почетокот“, заклучи тешкашот од Сесвете.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО