Усик боксер на годината на ВБЦ

Украинецот Александар Усик (16-0, 12 KO) е прогласен за најдобар боксер во 2018 година од страна на Светскиот боксерски совет (ВБЦ).

Минатата година Усик го освои Трофејот „Мухамед Али“ на Светската боксерска супер серијаи и стана апсолутен светски шампион во лесно-тешка категорија.

На 21 јули 2018 година во Москва, Усик со едногласна одлука на судиите го победи Мурат Гасиев кој ги бранеше титулите во ВБЦ и ВБО шампионатите и ги презема од Гасиев ИБФ и ВБА појасите.

Усик гоидната ја затвори со нокаут против Тони Белју во Манчестер, во меч за одбрана на шампионските титули.

Во конкуренција за боксер на годината беа и Канело Алварез, Мајки Гарсија, Дионтеј Вајлдер, Ванхен Манајтхин и Калум Смит.

Најдобар боксер во изборот на навивачите е Саул Алварез, а тренерот на Канело Еди Рејнозо е прогласен за тренер на годината.

Французинот Тони Јока беше прогласен за најголема надеж. Оваа одлука е помалку изненадувачка, бидејќи олимпискиот победник во моментов е суспендиран поради неотповикување на допинг тестови.

Во конкуренција беа и Филип Хрговиќ, Заур Абдулаев, Серж Мишел, О’Шаки Фостер и Хунто Накатани.

Меч на годината е оној меѓу Дионтеј Вајлдер и Тајсон Фјури, а Фјури е награден за враќање на годината.

Откритието на годината е Александр Гвоздик.

За најдобриот рунда на годината  избрана на 12-тата крунда на мечот меѓу Срисакет Сор Рунвисаи и Хуана Франциско Естрада.

Наградата за хуманитарна работа му припадна на Мајки Гарсија.

Настан на годината е ГГГ- Канело 2.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО