Уширо мавашигери нокаутот на Јагчи – најатрактивен во Премиер лигата! (ВИДЕО)

serkan-yagci-ushiromawashi

Карате 1 Премиер лигата во Истанбул заврши, но ќе биде запаметена по атрактивниот нокаут што го приреди Серкан Јагчи од Турција во категоријата до 75 килограми.

Тој против сонародникот Али Алтун во првото коло водеше со 8-0, резултат кој сигурно го водеше во второто коло, каде што требаше да се сретне со нашиот Мартин Ристовски, кон крајот на мечот тргна кон противникот и со уширо маваш гери го нокаутираше. Јагчи беше дисквалификуван.

Сепак, ова е убавината и вистинското карате, поради кое милиони луѓе го вежбаат овој спорт.

Погледнете го атрактивниот удар на Јагчи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО