Фјури: Ако не можам да го нокаутирам стариот Кличко треба да ми забранат да бавам со бокс!

tyson-fury_klickoepa

Предизвикувачот за титулата во тешка категорија, Тајсон Фјури, си понуди заминување од боксот ако не успее да го нокаутира ВБА, ИБФ, ВБО и ИБО шампионот, Владимир Кличко. 

И покрај тоа што 39 годишниот Украинец е 12 години постар од Англичанецот, тој е голем фаворит за победа над предизвикувачот.

Фјури е уверен дека Кличко го унишил боксот со неговиот начин на борба. Во текот на промотивната кампања Фјури се заканува дека ќе се пензионира ако не успее да го запре владетелот во тешка категорија.

Фјури победуваше против послаби противници, но исто така и против истите противници знаеше се најде во проблеми, па дури и да биде во нокдаун, затоа повеќето експерти му предвидуваат победа на Украинецот.

„Ако не можам да нокаутирам тоа значи дека сум бескорисен. Ако не можам да победам на 40-годишен човек треба ми забранат да се занимавам со бокс. Ако не можам, тогаш повеќе нема да се боксирам, бидејќи нема да бидам во можност да ги остварам своите цели“.

“Тој е голем шампион, но не се бореше со големи имиња. На секои 10, 15 или 20 години се појавува некој кој ќе исчисти сè. Ние сме во лошата ера на тешка категорија, но јас ќе ви кажам она што ме весели – даѓам и го праќам тоа момче меѓу отпишаните“.

„Како прво, на ми се допаѓа. Не мислам дека тој е каковбило амбасадор и мислам дека ја уништи тешката категорија. Луѓето велат дека тој е голем шампион, избричен, без тетоважи, добри манири, многу познавања. Па што? Што се однесува до мене, тој е здодевен и ја уништи тешката категорија. Има особености колку и овој ѕид што го гледам сега“, рече Фјури за Скај Спорт.

Ако Англичанецот на 24 октомври во Дизелдорф успее да се приреди изненадување и да победи, ќе мора повторно да го направи тоа. Фјури се согласи во договорот да додаде клаузула за реванш меч. Ако дојде до втора борба, таа, исто така, ќе се одржи во Германија.

„Постои клаузула за реванш. Морав да се согласам на тоа, но ако се бориме втор пат, ќе добијам повеќе пари“, рече на англискиот боксер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО