Урим Саити: Крнета ќе биде изненаден од моите обични кикови на „Стори 4“ (ФОТО)

Urim Saiti na Stori

На 21 мај во швајцарскиот Олтен, Урим Саити (- 82,5 кг) од Маршал артс академијата од Кичево ќе настапи на кик бокс настанот „Стори 4“ протов Босанецот Дејан Крнета во организација на Брадерс ГСМ, а под закрила на ВКУ?

Што очекуваш од овој настап?Urim saiti so trenerot

-Не очекувам ништо посебно од овој настап, бидејќи борбата ќе биде пријателска.

Имаш ли некоја специјална тактика за Кренета?

-Мислам дека Крнета ќе биде изненаден од моите обични кикови (текники со нозе).

Како ги помина подготовките?

-Иако имав многу други обврски, се трудев максимално, кондициски, вреќа, фокусерки. Се  подготвав во Кичево и Охрди со моите  другари. За подобрување на техниката и за некои детали послените тренизи ги направив во Тирана во Јава ГСМ кај тренерот Џавит Бајрами, кој има неколку светски титули во К-1 и мај тај во тешка категорија.

 Што знаеш за противникот?

-Ништо не знам за противникот, ниту сум се интересирал.

Што ќе му порачаш?

-Му порачувам, ако не е подготвен подобро да не се качува во рингот

Дали е ова твојата прва професионлана борба?

-Не ми е прва борба, имам околу 10 професионални борби и тоа со борци кои денеска настапуваат во Глори, Енфужн.

На оваа приредба настапува и Бени Османоски. Дали контактирате со него и дали разменувате искуства?

-Да и Бени ќе настапи на овој турнир. Со него се познаваме, но, ете, тој живе во Швајцарија, а јас во Кичево и не сме имале прилика за некоја соработка, само така се среќаваме по некои организаци. Но, сигурен сум дека ќе имаме прилика за соработка.

Ipon.mk/В. Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО