Урим Саити: Ќе се вратам со победа, бидејќи имам голема поддршка од луѓето со кои тренирам!

Ураим Саити од Маршал артс академијата од Кичево на 24 февруари ќе се бори со Тибор Варга на Фајт најт во Базел, Швајцарија во Кросхал по правилата на К-1.

Саити подолго време не настапувл и ќе биде интересно да се виде неговиот меч со Варга.

„Како прво, да се заблагодарам на Ипон.мк за времето што го одделува да го мотивира секој спорт и спортист… Всушност, станува збор за една другарска борба.. Па, по двогодишен одмор поради бизнисот, конечно, најдов малку време да одделам  и за она што ми прави кеиф…“, вели Урим Саити за Ipon.mk.

Неизбежно е прашањето дали пуазата ќе се одрази намечот и на формата на нашиот борец.

„Не би рекол дека паузата ми пречи, бидејќи, колку-толку, сум тренирал по малку. Ќе вратам со победа, затоа што со луѓето со кои имаме заеднички тренинг ми даваат голема поддршка“.

Покрај тоа на Урим му пристигнува помош од цела Македонија и од нашите луѓе во странство, а многу од нив учествуваат во неговата подоготвка.

„Спаринг партнер ми е Александар Димовски – Димса од Битола кој е одличен кикбоксер и боксер. Со него работвеме техники со фокусери, како и со Сами Зекири од Кичево. И не може да немам контакт со најдобриот бокс тренер Фатон Салиху од Скопје, кога веќе знам дека противникот се занимава и со бокс“.

Што значи овој настап за него, но и за младите спортисти!

„За помладите фанови сум пример дека ако навистина нешто сакаш ништо не може да те спречи, иако на 3 април полнам 40 години. На другите фанови ќе и порачам повеќе да посветат внимание на децата, на спортот, без разлика кој спорт се работи“.

Урим Саити најавува дека во 2018 година ќе има многу изнендувања од негова страна.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON