Уралскиот Хулк се врати во ММА со нокаут (ФОТО/ ВИДЕО)

Иван Штирков, познат како „Уралскиот Хулк“, соодветно се врати на мешаните боречки вештини. Рускиот борец го нокаутира Насрудин Насрудинов на настанот РЦЦ 12 кој се одржа во Екатеринбург. Мечот беше во полутешка категорија! Тие требаше да го делат кафезот уште во 2020 година, но тогаш никогаш не дојде до судир.

Срредбата траеше нешто повеќе од 3 минути, а Штирков демонстрираше моќ уште од првите секунди од пресметката. По неколку канонади од удари, Хулк го однесе Насрудинов на партер. Таму продолжи да се наметнува на противникот се додека судијата Виктор Корнеев не интервенираше да ја прекине борбата!

Нокаутот беше 10-ти во професионалната ММА кариера на Штирков.

Билансот на Штирков во ММА сега е: 21 победа, 1 реми и 2 порази во ММА. Тој победи на 15 натпревари со прекин (10 со нокаут и 5 со принуда). Штирков лани ги победи Мурат Гугов и Артур Астахов, а годинава Михаил Колобегов и Насрудин Насрудинов со што влезе во низа од 4 последователни победи во ММА.

Потсетуваме дека пред неполн месец Уралскиот Хулк успешно дебитираше во боксот. Рускиот борец, се натпреваруваше за клубот „Архангел Михаил“, на галата одржана во Русија со едногласна одлука го победи Иван Смирнов, познат како „Пожарникар“. Мечот беше во тешка категорија!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО