Умар Нурмагомедов најде противник

Умар Нурмагомедов конечно ќе се врати во октагонот.

„Конечно некој ја прифати борбата со Умар на 2 март“, напиша менаџерот Али Абдел Азиз на социјалните мрежи.

„Конечно имам борба. Голема благодарност до УФЦ и Шон Шелби“, потврди на социјалните мрежи Умар Нурмагомедов.

Името на противникот не е соопштено.

Потсетуваме, Нурмагомедов не се борел од 14 јануари минатата година кога го совлада Раони Барселос.

Професионалниот sкор на Умар во мешани боречки вештини е 16-0. Рускиот борец моментално се наоѓа на 14-то место на ранг-листата на УФЦ во бантам категорија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON