Украина не сака руски џудисти на Европското првенство во Хрватска

Националниот олимписки комитет (НОК) на Украина побара од Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) и Меѓународната џудо федерација (ИЏФ) да суспендираат голем број руски спортисти од учество на Европското првенство во Хрватска.

„Станува збор за Мадин Тајмазова, Инал Тасоева, Јаго Абуладзе, Арман Адамјан, Данила Лаврентиева, Махмадбек Махмадбеков, Матвеи Каниковски, Тамерлан Башаев, Глафира Борисова, Ксенија Галицкаја, Дали Лилухашвили, Камиле Бадурова, Алис Старацева Абдулаев“, се вели во соопштението објавено на веб-страницата на НОК на Украина.

Украинската страна ги обвинува наведените џудисти дека ја поддржуваат војната во Украина.

Претседателот на НОК на Украина Вадим Гутцајт, министерот за млади и спорт на Украина Матвеј Бедни, како и претседателот на Џудо федерацијата на Украина Михаило Кошљак се обратија до претседателот на МОК Томас Бах и првиот човек на ИЏФ Мариус Визер во врска со оваа работа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО