Угледен инсајдер јавува: Договорен меч меѓу Канело и Головкин, познати се и огромните хонорари!?

Се чини дека во средината на 2021 година би можеле да гледаме трета средба на славни боксери.

Боксерските sвезди Канело Алварез (53-1-2) и Генади Головкин (40-1-1) го договорија мечот на 21 мај 2021 година. Ова се информациите што ги донесе познатиот боксерски инсајдер Мајк Копингер.

Според истиот извор, мексиканскиот удирач има обезбедено 45 милиони долари за мечот, додека ГГГ треба да добие 15 помалку.

„Само од велзниците нивниот реванш ќе им донесе на организаторите над 27 милиони американски долари, така што оваа трилогија нема да се случи без присуство на навивачи“, дозна Копингер.

Ситуацијата кај овој договор во моментов е таква што промените се секогаш можни, а некои детали се скриени од јавноста до понатамошно известување. Имено, двајцата борци ќе треба да ги поразат своите противници во натпреварите што ги очекуваат годинава пред третиот меч.

Головкин се соочува со Камил Шеремет во септември или октомври. Станува збор за меч во кој Казахстанецот ќе го брани појасотна ИБФ во средна категорија.

Од друга страна, Канело би можел како следен противник да го има супер шампионот на ВБА во средна категорија Калум Смит, но таа средба сè уште не е договорена.

Да потсетиме, Канело и ГГГ се судрија прв пат во септември 2017 година во меч кој заврши без победник со контроверзна поделена одлука на судиите. Многумина во тоа време сметаа дека победата на Головкин не е во прашање, но судиите сепак имаа малку поинакво мислење.

Познатите боксери се сретнаа повторно една година подоцна, овој пат судиите пресудија во корист на Алварез со мнозинска одлука, иако и околу неа имаше многу контроврези.

Кој ќе слави во третиот судир?

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО