Отворен тренинг на Емилијаненко пред АЦА 107 (ВИДЕО)

Александар Емилијаненко и Магомед Исмаилов одржаа отворени тренинзи пред нивната бoрба што ќе се одржи утре во Русија.

Тие ја предводат главната битка на АЦА 107, а мечот е во тешка категорија. Средбата меѓу нив требаше да се одржи на почетокот од годинава, но чеченската организација ги прекина настаните заради епидемијата со Ковид-19. Емилијаненко тренира напорно скоро половина година и е во многу добра форма.

Тренираше во Грозни во клубот Ахмат и не пиеше алкохол од пристигнувањето во февруари. Емилијаненко им вети на Чеченците дека нема да пие цела година, и ако го прекрши ветувањето, ќе го земат неговиот автомобил, затоа што се обложи на него.

https://www.instagram.com/tv/CC8_CTnqqYf/?utm_source=ig_embed

https://www.instagram.com/p/CC9HwgSACG8/?utm_source=ig_embed

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО