УФЦ потпиша со неверојатно атрактивниот дагестански кунг фу нокаутер (ВИДЕО)

Од УФЦ доаѓа многу интересна нова аквизиција во велтер категорија. Во прашање е дегестански борец Муслим Магомедович Салихов, борец кој со причина го носи прекарот „Крал на кунг фу“. Тој веќе дозна кога и против кого ќе го направи својот деби настап.

Во прашање е 33-годишниот борец кој пет пати ја освои светската титула во вушу санда, кинеска боречка вештина, која најдобро може да се опише како мешовина на кик бокс и традиционални азиски вештини како што се кјокушин, карате, таеквондо, џудо и винг чун. Освен петте злата, Салихов има и едно сребро. Има професионален кикбокс скор од 185-13-1, во кој се вклучени и вушу настапите.

Во ММА влезе во 2011 година и досега има постигнато 12 победи и еден пораз, а десет пати го победи со нокаут. Поголемиот дел од настапите се во Кина, каде што ги направи и неговите последни два настапи, во кои запиша победи над поранешните борци на УФЦ, Мелвин Гилрад и Иван Жорге. Обајцата ги нокаутираше со атрактивни кружни кунг фу техники, кои навистина не недостасуваат во неговите борби и нема сомневање дека можеме да видиме атрактивни перформанси во октагонот на УФЦ.

И тоа може да го гледаме веќе на 25 ноември на првиот кинески УФЦ настан, кога ќе се бори против искусниот велтераш на УФЦ, Алекс Гарсија. Така Салихов практично ќе дебитира на домашен терен. Во прашање е настанот кој го предводат Андерсон Силва и Келвин Гастелум, од друга страна го чека борец со скор 14-4, кој славеше во четири од седумте негови УФЦ борби.

https://youtu.be/YObMeGU_Meg

https://youtu.be/bnzxEsEchn0

https://www.instagram.com/p/BNgvPpjD953/

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО