УФЦ обично на почетокот на секој месец отпушта по неколку борци.
Само денес шестмина потврдија дека повеќе не се членови на најсилната ММА промоција во светот.
Меѓу отпуштените е победникот на 19-тата сезоната на The Ultimate fighter, Еди Гордон, кој е во серија од три порази.
Петмината преостанати кои ја објавија веста на социјалните мрежи се Кристос Гијагос, Мет ван Бурен, Роџер Нарваез, Маркус Бримаж и Крис Клементс.
„Имав планирана борба во август. Имав несреќа и морав да ја откажам. Потоа ми понудија борба на 2 јануари против тимски колега. Тренерот побара да ја одбијам понудата, така и направив. Сега сум отпуштен од УФЦ, иако Дана Вајт ми рече дека ме сакаат назад. Не ми е јасно“, напиша Ван Бурен на Твитер, кој е 0-2 во УФЦ.
Гијагос напиша дека добил повик од УФЦ и му кажале дека се пребукирани и дека мораат да подделат некои откази. Впрочем, таа изјава е на трагата на веста што ја објави шведскиот веб MMAnytt, која тврди дека од извор близок на УФЦ низавил дека организацијата во текот на викендот ќесе ослободи од 50 борци.
УФЦ во моментов има околу 560 борци под договор.