На УФЦ 199 американската промоција му оддаде почит на починатиот Мухамед Али.
Но, очигледно, љубов запира кога станува збор за бизнис. Така, УФЦ ангажирал фирма за лобирање од Вашингтон, Фарагут партнерс за да лобира против предлог-законот со кој би се применувал „актот Мухамед Али“ и во ММА.
Предлог за проширување на актот на Мухамед Али неодамна беше презентиран пред Конгресот од Маркваејн Мулин, некогаш и самиот ММА борец, кој верува дека промоторите имаат многу поголема моќ од борците и желбата му е работи да ги доведе до рамнотежа.
Актот на Али беше воведен во бокс пред 16 години, за да ги заштити борците од нечесните постапки на промоторите. Според федералниот закон, промоторите не може да ги обврзат борци со договор кој ги врзува повеќе од една година; ниту еден менаџер на борците не може да биде промотор; ранг листата и шампионските појаси се контролирани од страна на надлежните органи од трета страна и промоторите мора да ги открија целосните приходи на борците.
„И понатаму веруваме дека федералната влада нема да има продуктивна улога во регулирањето на ММА промоциите и натпреварите. Секоја држава веќе ја надгледува секоја борба и ММА борците се добро платени и спрема нив се однеусваат чесно, што е една од причините поради кои ова е најбрзо растечкиот спорт во светот“, рече еден од директорите на УФЦ, Ларенс Епштајн за ЕСПН.
УФЦ ангажираше друга компанија, кога лобираше против предлогот на Џон Мек Кејн со кој дополнително ќе го зајакнат актот на Али. Тој предлог на крајот не успеа.