УФЦ најави дека Конор Мек Грегор веќе не е шампион во две тежински категории.
Во текот на преносот на УФЦ Фајт најт 101 беше објавено дека Ирецот се откажа од титулата перолесна категорија.
Новинарот Ариел Хелвани најави дека Мек Грегор не се согласуваа со оваа одлука, но организацијата имаше право на тој потег. „Ноториус“ го освои појасот со нокаут против Хозе Алдо во декември 2015 година. Оттогаш направи уште три борби, но ниту еднаш не ја одбрани титулата во перолесна категорија.
Алдо кој на УФЦ 200 го победи Френки Едгар за привремената титула ќе стане полноправен шампион.
Објавено е дека Ентони Петис и Макс Холовеј на УФЦ 206 во меѓувреме ќе се борат за привремената титула во перолесна категорија и да ги заменат Кормиер и Џонсон во главната борба на настанот.