УФЦ Мексико: Победа на Петис, пораз на Рашад Еванс (ВИДЕО)

УФЦ во Мексико Сити имаше еден од послабите настани, кој, сепак, понуди и добри потези.

Во главната борба на вечерта Серхио Петис (16-2, 7-2 УФЦ) со едногласна одлука на судиите го совлада Брендон Морено (14-4, 3-1 УФЦ). Помладиот брат на Ентони Петис ова му беше четврта победа по ред со која ја прекина серијата на Мексиканецот од дури 11 последователни победи.

https://youtu.be/i-3Yudoo0u4

Непоразениот Нико Прајс (11-0, 3 КО) за 100 секунди го нокаутира Алан Јубан (15-6, 6-4 УФЦ) и го продолжи одличниот старт на кариерата во УФЦ. За неговиот настап е награден со бонус од 50.000 долари.

https://youtu.be/AkXQ3dYBty0

Бидејќи не беше доделена наградата за борба на вечерта преостанатите бонуси ги добиоа Дастин Ортиз, Џозеф Моралес и Умберто Банденеј. Ортиз (17-7, 6-5) за 15 секунди, што е најбрзо нокаут во историјата на муви категорија, го заврши мечот против Хектор Сандовал (14-4, 1-3 УФЦ).

https://youtu.be/zqtwkp0FGWw

Моралес (9-0, 1-0 УФЦ) се излече од тешката ситуација во дебито и со странично давење го заврши Роберт Санчез (7-1, 0-1 УФЦ) и му го нанесе првиот пораз во кариерата.

https://youtu.be/oTsCICIcoHw

Перуанецот Банденај (14-4, 1-0 УФЦ) беше најголемиот аутсајдер, бидејќи борбата ја прифати пред две недели. Но, во УФЦ дебито со колено во првата рунда го изненади Мартина Брава (11-1, 1-1 УФЦ).

https://youtu.be/Ja_otwFWUwI

Поранешниот првак во полутешка категорија Рашад Еванс (19-7-1, 14-7-1 УФЦ) во прилично неинтересна средба загуби со поделена одлука од Сем Алвеј (31-9, 8-4 УФЦ) На Еванс ова му беше четврти последователен пораз. Последна победа ја забележа во ноември 2013 година против Каел Сонен.

https://youtu.be/M6v62t29aiM

УФЦ Фајт најт 114:
Серхио Петис – Брендон Морено (едногласна одлука на судиите, 49-46, 48-46, 48-46)
Алекса Грасо деф. Ранда Маркос (поделена одлука на судиите, 29-28, 28-29, 29-28)
Нико Прајс – Алан Јубан (ТКО, Р1)
Умберто Бенденеј – Мартин Браво (КО, Р1)
Сем Алвеј – Рашад Еванс (поделена одлука на судиите, 28-29, 29-28, 29-28)
Алехандро Перез – Андре Сукхамтат (поделена одлука на судиите, 29-28, 28-29, 29-28)
Џек Хермансон – Бредли Скот (ТКО, Р1)
Дастин Ортиз – Хектор Сандовал (КО, Р1)
Рани Јаја – Хенри Брионис (сабмишн, кимура, Р1)
Џозеф Моралес – Роберто Санчез (сабмишн, давење од позади, Р1)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО