Бобан Данов и Ертан Еркан од Турција се бореа 1 час (ФОТО)

По барање на публиката и организаторот на Меѓународниот пеливански турнир во Кичево во понеделникот се сретнаа еден од најдобрите турски пеливани Ертан Еркан и еден од најдобрите македонски пеливани Бобан Данов во најатрактивната категорија „баш пеливан“.

„Еркан на најсилниот пеливански турнир во Едрене го освои четвртото место и еден од најдобрите пеливани во Турција. Организаторот на турнирот инсистираше да се сретнеме ние, но и публиката. Борбата траеше еден час и на поен ја доби турскиот борач“, рече Данов.

Исто така и Аце Арсов и Мики Тодоров се сретнаа со турски пеливани.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО