УФЦ ја даде легендата Деметриус Џонсон, за да го добие Бен Аскерн

Првата голема размена на борци меѓу две ММА организации стана факт. Ариел Хелвани изјави дека УФЦ веќе официјално ја даде легендата Диметриус Џонсон, за да го добие Бен Аскрен од ОНЕ шампионатот.

УФЦ ќе го ослободи ДЏ од договорот, за да може да потпише за ОНЕ , а азиската организација која е со седиште во Сингапур, ќе го стори истото со Аскрен, кој после толку години конечно ќе се бори во УФЦ. Ова е прва голема размена на борци во историјата на ММА.

Сега Џонсон ќе стане најголемата ѕвезда на ОНЕ, а Бен Аскрен ќе треба да се докажува во УФЦ. Џонсон, кој е познат и како Мајти Маус, е легенда на УФЦ и е прв шампион во мува категорија на УФЦ, при што успеа да забележи цели 11 одбрани на титулата, но оваа година загуби од Хенри Сехудо и уште тогаш посочи дека сака да се обиде на друго место.

.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО