Минотаур: Би ги заложил куќата и автомобилот на Андерсон Силва дека ќе го нокаутира Конор

ММА легендата Антонио Родриго Ногеира – Минотаур прогнозира дека Андерсон Силва – Пајакот ќе го нокаутира Конор Мек Грегор во евентуалната нивна битка. Сличен судир веќе е коментиран. Според извори блиски до Дана Вајт, токму тоа ќе биде следниот мечр на Ирецот.

„Тоа ќе биде суперборба. Конор умее добро да држи дистанца, но Андерсон Сивла го прави тоа како никој друг. Тоа ќе биде борба меѓу двајца талентирани спортисти кои можат да се борат со раце и нозе. Силва може да дојде до 80 кг, а Мек Грегор ќе треба малку да ја крене тежината. Би ги заложил мојата куќа и автомобилот на Андерсон во таков меч. Тој ќе нокаутира Конор“,смета Минотаурот.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО