УФЦ го закажа првиот настан во Русија

УФЦ планира да го одржи својот прв настан во Русија.

Американската организација ја резервира Олимписката арена во Москва за 14 и 15 септември.

Самата промоција сè уште не ја потврди веста која ја објави рускиот РТ Спорт.

Долго време се зборува за првиот настан на УФЦ во Русија кој би го предводел најпопуларниот руски борец Хабиб Нурмагомедов.

Се очекува тој да биде главната ѕвезда на настанот, но прашање е дали ќе се бори со шампионот во лесна категорија Конор Мек Грегор или привремениот шампион Тони Фергусон или до борба со Американцот ќе дојде и порано.

Дагестанецот неодамна преку својот профил на Инстраграм објави дека наскоро пристигнуваат големи вести.

РТ Спорт контактирал со таткото на Хабиб, Абдулманап Нурмагомедов за коментар.

„Најверојатно овој настан ќе има врска со нас. Прво ќе се бориме во април против Тони Фергусон, а потоа ќе го добиеме датумот за борбата со Мек Грегор“.

„Не може да ја исклучам можноста да не стават на чекање до септември за борба со Фергусон. Имаме многу добри борци кои може да ја наполнат Арената – Александар Волков, Гаџимурад Антигулов, Маирбек Таисумов. Фановите сега го сакаат Забит Магомедшарипов. Можат да се приклучат и Рустам Хабилов и Ислам Махачев. Многу домашни борци ќе сакаат да се борат и за УФЦ и пред домашната публика“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО