УФЦ донесе петкратен светски првак во БЏЏ

64

УФЦ во своите редови го донесе врвен граплер чии деби се очекува во август на настанот во Уругвај.

Најновиот член на најјакта светска ММА промоција стана петкратен светски шампион во бразилско џиу џицу и шампион на ADCC, Родолфо Виејира.

29-годишната Бразилец ММА кариерата ја почна во февруари 2017 година и славеше на сите пет меча, четири пати со сабмишн и еднаш со нокаут.

Последните три борби ги направени за руската промоција на ACA/АЦА (која настана како резултат на спојувањето на АЦБ и Ахмат). Последен пат настапи само пред пет дена во полскиот Лоѓ и со давење од позади во првата рунда го победи Витали Немчинов (10-2).

Виејира во  УФЦ дебито во Монтевидео на 10 август ќе се бори со Полјакот Оскар Пиечо (11-1-1, 2-1 УФЦ), најверојатно во средна категорија.