УФЦ во Абу Даби ќе се одржи пред публика

Фановите повторно ќе можат да уживаат во УФЦ настани во живо, иако во многу ограничена верзија. Според Одделот за култура и туризам во Абу Даби, трите настани на УФЦ закажани за овој месец ќе имаат ограничена публика на новата „Етихад арена“.

Според Министерството, мерките се доволно стабилни за да се овозможи ограничен број гледачи да бидат присутни во салите. Сепак, точниот број сè уште не е прецизиран.

Првиот настан ќе се одржи на 16 јануари со главна битка меѓу Макс Холовеј и Калвин Катар.

Следниот настан ќе биде на 20 јануари со борбата помеѓу Мајкл Киеза и Нил Магни, а кулминација ќе биде УФЦ 257, што го вклучува мечот меѓу Конор Мек Грегор и Дастин Пориер.

Сè уште не е познато дали и кога навивачите ќе бидат примени на други настани во други држави и градови, како што е Лас Вегас, каде што ќе се одржат претстојните настани на организацијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО