УФЦ вреди 11,3 милијарди долари и има обрт од 1,23 милијарди долари

Според новото истражување на Форбс, УФЦ е најголемата боречка спортска организација во светот во 2024 година. Со неверојатни 11,3 милијарди долари во вредност и обрт од 1,23 милијарди долари, таа е на врвот. Веднаш по УФЦ е ВВЕ, чија вредност е 8,4 милијарди долари.

За одбележување е тоа што во топ 5 влегува и азиската лига ОНЕ шампионат. Оваа азиска организација е на четвртото место со 1,3 милијарди долари и обрт од 123 милиони долари во 2023 година. Професионалната боречка лига ПФЛ, проценета е на 690 милиони долари, оствари обрт од 110 милиони долари во 2023 година.

За ова рангирање, Форбс се потпира на јавни документи, интервјуа со експерти од индустријата, медиуми и директори од различни организации.

УФЦ – 11,3 милијарди долари
ВВЕ – 8,4 милијарди долари
Топ ранг бокс – 2,5 милијарди долари
ОНЕ шампионат – 1,3 милијарди долари
Белатор ММА – 980 милиони долари
ПФЛ – 690 милиони долари
БКФЦ – 320 милиони долари
Трилер ФЦ – 280 милиони долари
Игл ФЦ – 210 милиони долари
Мечрум бокс – 190 милиони долари

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dana White (@danawhite)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО